| четврток, 6 декември 2018 |

Македонијо, дури свети сонцето, не те даваме (ВИДЕО)

Граѓаните обединети околу идејата за унитарна и единствена Република Македонија кои повеќе од 60 дена покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите во видеоспотот објавен вечерва ѝ порачуваат на Македонија дека ќе продолжат да се борат за идејата за заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните кои нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа!
„Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира претседател на Собрание како да избира претседател на куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание, Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас“, порачаа од „За заедничка Македонија“.
Иницијаторите на граѓанското движење повикаа и утре во 17.00 на истото место, по истата патека на државноста граѓаните да излезат на улица и да им покажат на провокаторите, на насилниците кои сакаат со силување на Уставот и законите да дојдат на власт, на оние кои се закануваат со палење, убивање и судски прогон на граѓаните кои ја сакаат Македонија, на оние за кои се ТЕРОРИСТИ дека во нашиот ген не постои зборот покор, туку само зборот НЕПОКОР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top