Да не бев јас, Али немаше ни да постои. Имавме три борби. Тој доби две, јас само една. Но, кога сега кога го гледате болен, јасно може да се забележи кој победил на крајот. Јас! Тој веќе не може да зборува, а се обидува да се направи врева. Не ми е гајле како тој го гледа светот. Јас го гледам тоа на друг начин, и го знам него многу подобро од било кој. Манила повеќе не ми е важна. Тој загуби, а јас сум уште тука, му се потсмеваше Фрејзер неколку години по борбата во Манила.
Погледнете го сега, тој е оштетен. Јас тоа го знам, ти го знаеш, сите го знаат, но никој не сака да каже. Така зборуваше Џо Фрејзер со години по трилерот во Манила, најголемиот боксерски спектакл, велејќи дека тој со своите неверојатни 440 удари во борбата му нанел тешки повреди на легендарниот Мухамед Али, според што се верува дека токму таа борба придонесе за неизлечивата болест Али – Паркисонова.
Ваквата омраза што ја имаа двата ривала не може често да се забележи меѓу спортистите, но Мохамед толку го исфрустрира Фрејзер што човекот воедно и се радуваше за болеста на својот ривал.
По првите две меѓусебни борба во кои остварија по една победа, најавија голем спектакл на Филипините во 1975 година. Мохамед постојано го претставуваше Фрејзер како таен белец, кој постојано го туркаат силните врски со боксерската организација, а не ги криеше ниту зборовите, навредувајќи го со глупав и грд.
Толку е грд што дури и слепите можат да видат. Грд! Грд! Грд! Тој не само што изгледа премногу лошо, туку можете да ја осетите неговата смрдеа и во друга држава. Што ќе си помислат луѓето во Манила? Дека црните браќа се животни, глупави, грди и смрдливи. Тој е посебен вид на црнец, не е како мене, беа провокациите на Али.
Таквите провокации на Али ја одбележуваа секоја нивната средба. Не е изненадувачки, што тие знаеја да ги одмерат силите и кога се во ТВ – емисија.
Не сакам само да го нокаутирам. Сакам да му наштетам. Ако падне во кик – даун, ќе се потргнам да му дадам само малку воздух. Неговото срце, тоа е она што го сакам, рече Фрејзер во пресрет на последниот меѓусебен меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)