Прв на листата е Хектор Белерин, десниот бек на Арсенал за кого веќе извесно време се шпекулира дека летово би можел да се врати на „Камп ноу”. Меси има многу високо мислење за Белерин, во кого гледа идеално решение за позицијата десен бек, која беше најпроблематична на Барса сезонава, по неангажирањето на достојна замена за Дани Алвеш.
Марко Верати е уште еден фудбалер што Меси сака да го види во Барселона. Плејмејкерот на ПСЖ веќе почна со флертување со каталонскиот гигант, а доколку Барса се согласи да плати 60 милиони евра, многу лесно може да се случи тој да раководи со организацијата на играта на каталонците од наредната сезона.
Трет и последен на листата на Меси е Филипе Кутињо. Станува збор за извонредниот фудбалер на Ливерпул кој воедно е добар пријател и со Нејмар и со Луис Суарез, па тројцата најдобри играчи на Барса летово ќе „притискаат” за да го убедат Бразилецот да им се приклучи на „Камп ноу”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.