| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот успешен лет со автомобил (ВИДЕО)

Лилиум Џет ги комбинира начините на летање на хеликоптери и авиони

Германската Лилиум во летвртокот објави видео во кое го претставува првиот успешен тест лет на револуционерниот летачки автомобил, кој го нарекуваат Лилиум Џет. Во ред, можеби не се единствените кои работат на вакво превозно средство, но изгледа дека се најуспешните, а снимката од летот на нивниот прототип дава надеж дека во блиска иднина навистина би можеле да летаме со нашите автомобили.

Изразот “летечки автомобил” во овој случај не е целосно точен, но е најсоодветен бидејќи станува збор за иновација која ја исчекуваме веќе до децении. Лилиум Џет, попрецизно, е беспилотно летало, односно дрон. Има капацитет за двајца луѓе и го комбинира начинот на летање на хеликоптер и авион, а најдобро од се е што не ја загадува околината, бидејќи не користи бензин туку струја. Има 36 електрични мотори инсталирани на крилјата кои се насочуваат со помош на 12 клапи.

Лета на струја и оди до 300 километри на час

За време на полетувањето, крилјата се свртени кон земјата, па така што тој се подига вертикално, слично како хеликоптер. Кога ќе ја достигне саканата висина, се врти хоризонтално, што на леталото му дава енергија. Научниците од тимот на Лилиум велат дека нивниот електричен мотор искористува 90% повеќе енергија од типичен дрон, а едно полнење е доволно за отприлика 300 километри на час. Главниот мотор е ист како оној кој се употребува во електричниот автомобил Тесла.

Лилиум е основан пред две години, а неговите научници од тогаш интензивно работат на дизјанот и изградба на леталото кое би можело да ги замени класичните автомобили, а оваа недела со големо задоволство го претставија војот прв функционален прототип. За првиот лет, Лилиум Џет немал патници, бил употребен далечински управувач, а следниот пат ќе полета со патници. Целта е масовно производство на летала кои не се прескапи, а сепак би се намалил метежот низ градовите.

Патрик Натен, еден од основачите на минхенскиот Лилиум Џет, објаснил дека првиот прототип има капацитет за двајца, но дека планираат да направат и верзија на леталото кое би собрало и петорица, па се надеваат на успешна верзија од Uber.

Доколку успеат, ова би можело да биде револуционерен чекор во воздушниот сообраќај и ефикасно решение за растечките проблеми на загадувањето на воздухот, бидејќи за разлика од конвенционалните автомобили и авиони кои користат фосилно гориво, Лилиум џет оди на струја, што значи дека не ја уништува животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top