| четврток, 6 декември 2018 |

Нов референдум во Турција: „Евет“ или „хајир“ за влез во ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја на референдум ќе одлучи за членство во ЕУ.

Ердоган во интервју за индиска телевизија ја обвини ЕУ дека не е „ниту искрена, ниту чесна“ и ја остава Турција да чека пред нејзините врати.

– Турција ќе одлучува за тој евроинтеграциски пат на референдум, како Брегзит, истакна Ердоган, кој престојува во посета на Њу Делхи.

Односите на Турција со земјите членки на Унијата се влошија пред одржувањето на референдумот за уставни реформи, со кои се прошируваат овластувањата на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top