| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ го раководела Оперативниот штаб, но Нухиу решил дека Чавков е најкомпетентен

Лично го предложив заменик-директорот на БЈБ за раководител на оперативниот штаб, иако треба јас да бидам директор на БЈБ. Но тој го молел и преку министерот успеал да издејствува на тоа место да дојде Митко Чавков, ова во гостување на вестите на телевизија „Сител“ го соопшти директорот на БЈБ, Чавков.

-Раководител на оперативниот штаб да бидам јас, како директор на БЈБ, иако јас од принципиелни причини, знаејќи со што се се соочуваме во овие чувствителни периоди за нашето општество, сакав да елиминирам каков било простор за дискредитација или за злоупотреба на некои околности во МВР. И од тие причини го предложив заменик-директорот да биде раководител на оперативниот штаб. Лично ме молеше неколку дена и, практично, тоа преку министерот успеа да го издејствува по седум дена да ме стават мене за раководител на оперативниот штаб. Но,  како и да е, не сум бегал од одговорности – изјави Чавков.

Чавков во гостувањето кажа дека ниту една информација, ниту пишана, ниту усна не е доставена до оперативниот штаб за можни закани, за можни ризици од  нарушување на јавниот ред и мир

-Имаме организациски процедури за управување, команда и за контрола на процесите што ги спроведуваме. До критичниот ден, тоа е значи по 59 дена од почнувањето на протестите, нема регистрирано ниту еден инцидент до тогаш. Ниту една информација, ниту пишана, ниту усна не е доставена до оперативниот штаб за можни закани, за можни ризици од  нарушување на јавниот ред и мир. Моите тези се засновани на факти, а фактите се утврдени во записникот, кој задолжително се води при работењето на оперативниот штаб – изјави Чавков.

Чавков вели дека по дознавањето дека имало упад, тој интензивно комуницирал со своите колеги одговорни на различни нивоа и кои, впрочем, не беа на работа, но тој успеал да ги донесе на работа.

-Во записникот, на критичниот ден, каде што има присуство на 32 припадника на БЈБ, може слободно да се види дека констатацијата на сите присутни некаде до 18 часот е дека до никој од нив не се стигнати информации и сознанија за можни нарушувања на јавниот ред и мир за време на собирите. Меѓутоа откако се случи немилиот настан за кој жалиме, веднаш почнавме со мобилизирање на дополнителни сили и средства. До тогаш обезбедувањето на протестите беше со вообичаена бројка, која одгвораше на моментните процени и на моментните информации и сознанија со кои располагавме. И таа бројка не беше мала, но, во секој случај, кога се обидувал тој мене да ме добие, по дознавањето дека имало упад, интензивно комуницирав со сите мои колеги што се одговорни на различни нивоа и кои, впрочем, не беа на работа, ги обезбедив да дојдат на работа. Присуството на Агим Нухиу е 40 минути пред мене. Значи во овие 40 минути јас  интензивно работам на мобилизирање дополнителни сили и средства за соодветно соочување со состојбите што се наметнаа во Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top