| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: Министерот, Заев, Ахмети знаеле дека се подготвува сценарио, но криеја од полицијата

Јас морам да констатирам дека имам сомневања дека Агим Нухиу имал информација дека се подготвува такво сценарио во Собранието на Република Македонија и тоа веднаш по завршувањето на седницата, истакна директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше гостин во вестите на ТВ „Сител“.

-Никој не можевме да претпоставиме или да процениме дека после завршувањето на седницата ќе има еден таков развој на настаните. Во тој контекст, јавноста беше сведок на тоа и тоа беше презентирано во медиумите и од лидерот на опозицијата Зоран Заев, којшто истакна дека имале проценки, развивале проценки дека Али Ахмети поради ризиците кои постоеле во нивното сценарио го ослободиле да не биде во Собранието и очекувале насилства. Зошто кога тоа го очекувале, не ја пренеле информацијата во МВР? Зошто Нухиу доколку ја имал информацијата не го информирал оперативниот штаб за да се направат дополнителни мерки и активности за да се воспостави јавниот ред и мир или да се превенира влегување во Собранието со поголем број на сили? И трето, зошто ова сценарио не е направено пред 16:30 часот, односно пред да има собрано огромна маса на луѓе пред Собранието – запраша Чавков и додаде:

„Можело да се направи и пред 14 часот и после 14 часот тоа сценарио, но доколку одлучиле тоа така да биде, требало да ја информираат полицијата, и Агим Нухиу доколку не е информиран, а се сомневам дека не е информиран и ние верувајте дека би презеле сѐ што е во наша надлежност бидејќи имаме и други тековни полициски активности, но сите сили би ги насочиле околу Собранието“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top