Посетата на Хојт Ји може да биде почеток на крајот, оценува новинарот Цветин Чилиманов, дел од иницијативата „Стоп операција Сорос“. Во политичкиот магазин „Кворум“ на РСМ тој посочи дека она што го прават тие добива голема поддршка и во Сенатот и во Конгресот.
– Јас со амбасадорот Бејли сум разговарал, сум разговарал и со негови помошници. Јасно им е дека се огрешиле во случајов, дека парите коишто ги давале за политички, чистопартиски цели во Македонија се директна злоупотреба на нивната функција. Сфаќаат дека времето им истече, гледаат дека предлог-буџетот на Трамп предвидува тотално укинување на партите за политички поврзана помош. Тоа значи дека фондовите ќе пресушат, политичката поддршка ќе ја снема за ваков вид злоупотреби, гледаме дека и начинот на кој се поставуваат албанските партии подолго време и сакаат и не сакаат и ваму се и таму се и тие разбираат дека состојбите во Вашингтон се менуваат и дека посетата на Хојт Ји може да биде последен обид на оваа стара структура да ги промени рабоитите, но може да биде и почеток на крајот – вели Чилиманов.
Според него, „Стоп операција Сорос“ вперила силно светло со помош на пријателите дома, но и надвор кон, како што потенцираше, тој систем на отворено американско мешање. Одреден ефект смета тој е веќе постигнат, но посочува дека е потребно тој да биде круснисан со целосна и јасна промена на надворешната политика на американската администрација кон Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)