Благодарејќи на одличната игра во второто полувреме, Веспрем го победи Монпеље и во Франција, славеше со 30-25, а со тоа обезбеди место на фајнл-фор турнирот во Келн.
Веспрем во Монпеље отпатува со три голови предност по првиот меч и работите на почетокот не се одвиваа како што посакуваше унгарскиот тим. Монпеље беше одличен во првото полувреме, ја анулираше предноста, а првите 30 минути ги доби со 15-11. Но работите се променија во вториот дел.
Веспрем заигра многу подобро и го доби второто полувреме со неверојатни девет голови разлика за конечна победа од 30-25.
Веспрем е последниот патник на фајнл-фор тунирот каде што уште се и екипите на Вардар, Барселона и ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.