Денеска за прв пат во клупската историја Хофенхајм обезбеди настап во Лигата на шампионите, иако на четири кола до крајот сеуште не е познато дали ќе игра во групите или во квалификациите.
Избраниците на 29-годишниот тренер Јулијан Нагелсман на домашен терен со 1-0 го совладаа Ајнтрахт Франкфурт. Погодокот беше реализиран во 90. минута со голот на Хубнер после асистенцијата на Руди.
Тоа беше нивна 15. победа сезонава за моментно трето место со 58 бодови, еден повеќе од четвртопласираната екипа на Борусија Дортмунд.
Во следното коло на 6. мај со почеток од 15:30 часот силите ќе ги одмерат Борусија Дортмунд и Хофенхајм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.