| четврток, 6 декември 2018 |

Нова сезона во Лигата на Шампионите: Реал ќе ја брани титулата, дерби Барселона – Јуве на отворањето

Со натпреварите од групите од А-Д, денеска почнува новата сезона во најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на Шампионите. Во сезоната која следи, 2017-2018, Реал Мадрид ќе ја брани титулата, а првите осум натпревари носат супер дерби, Барселона – Јувентус. Во оваа група уште играат Олимпијакос и Спортинг од Лисабон за кого настапува нашиот дефанзивец Стефан Ристовски.

Интересно ке биде  и во останатите групи, во групата „А“ се среќаваат, Бенфика – ЦСКА Москва  и Ман. Јунајтед  – Базел. Во групата „Б“ моќниот ПСЖ  кој се засили со Неимар и Мбапе гостува кај Слетик, додека Баерн Минхен е фаворит против Андерлехт. Во групата „Ц“ дерби пресметка е натпреварот меѓу Рома и Атлетико Мадрид, а во оваа група првиот меч ќе го одиграт и Челзи и Карабах.

Сите натпревари започнуваат од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top