Денешната програма во Премиер лигата беше затворена со големото дерби на северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал, а пулените на Покетино беа фаворитие во овој меч како тим кој се наоѓа во далеку подобра форма од „топчиите“.
Тотенхем сосема заслужено прокнижи нови три бода во Премиер лигата и остана сериозно во трката за титулата во Премиер лигата, откако комплетно го надигра лутиот ривал Арсенал, особено на стартот на второто полувреме. Токму во овој дел од играта беше решено прашањето околу победникот на денешниот меч, бидејќи Деле Али и Хари Кејн во рок од само три минути на двапати ја погодија мрежата на Петр Чех.
Деле Али погоди за 1-0 во 55-та минута, за само 3 минути подоцна Кејн од пенал кој беше направен токму над него, зголеми на 2-0.
Во текот на целиот меч домакините беа подобар противник и направија десетина сериозни шанси, а од дебакл Арсенал го спаси голманот Петр Чех кој имаше неколку фантастични одбрани.
Со новата победа, Тотенхем остана на минус четири од Челси кој денеска оствари важна победа против Евертон, додека Арсенал и натаму остана на минус шест бодови од четвртата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)