Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес во партиското седиште оствари средба со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата За Подобра Македонија.
– На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДСМ и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните. Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.
Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)