| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Албанците му се закануваат на Брисел, не се сила од која треба да се плашиме (ВИДЕО)

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на гостувањето на Телевизија Пинк, рече дека Србија нема да се меша во внатрешните работи во Македонија, без разлика кој ќе биде на власт во земјата

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека најавите за формирање „Голема Албанија“ треба да се разберат сериозно и дека Еди Рама и Хашим Тачи не се шегуваат. Според него, сите изјави се во контекст на дестабилизација на регионот.

– Албанците играат на сè или ништо, блефираат. Нивните изјави се наменети кон Брисел, а не кон Белград. Тоа се изјави во стилот ако не нè примите во ЕУ, ќе има немири – рече Дачиќ за „Пинк“.

Според него, Албанците не се сила од која некој треба да се плаши, а додаде дека Србија сигурно не се плаши и реагира мудро.

Тој уште додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија и тоа кој таму ќе биде на власт, но оти Србија е заинтересирана за стабилност во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top