| четврток, 6 декември 2018 |

Изборот на Џафери целосно неуставен: СДСМ не обезбеди ниту уставно-правни услови ниту мнозинство (ФОТО+ВИДЕО)

СДСM во четвртокот, откако заврши седницата во Собранието, на нелегитимен и незаконски начин го избра Талат Џафери за претседател на законодавниот дом. На таканаречената седница на СДСМ, спроведена спротивно од сите законски процедури, немаше ни записник, ни стенограм ниту пак некој водеше постапка, броеше или утврдуваше кој и како гласал.
СДСМ тврдеше прво дека Талат Џафери бил избран со потребниот минимум 61 гласови, за после само еден час да ја качи бројката на 62… Но, после многу измами и после измамнички избори на овој начин СДСМ се обидува да ја измами јавноста, странските дипломати и преку државен удар да земе власт со Собранието.

За Мухиќ и Мисовски ова кривично дело не застарува, ќе одговараат

-Во кадарот групата на СДСМ, ДУИ и нивните пучисти има помалку од 30 пратеници. Под галеријата, во остатокот редови има уште околу 20… и, тоа е се! Освен останатите законски услови, нема ни потребен број пратеници за да се гласа воопшто за претседател на собрание, а камоли да се изгласа, пишува порталот Старт.мк.

Поддржувачите на Тиранската платформа целосно ги прегазија Уставот, Деловникот и законите во обид да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top