| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп ќе добие фабрика за рециклирање на отпад(фото+видео)

инвестиција

Кај депониjата Алинци во Прилеп наскоро ќе никне првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Веќе се расчистува теренот каде треба да се гради фабриката. Вкупната инвестиција за овој проект планирано е да изнесува околу 60 милиони денари.

Фабриката се планира да прерасне во еден модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања.

инвестиција2

Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година. Таа линија е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа. Во општина  Прилеп  во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за 5 до 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

инвестиција3

Инаку отворањето на оваа линија за секундарна селекција на отпадот според плановите треба да отвори околу 100 нови работни места.

По завршување на оваа инвестиција, кај депонија треба да започне и изградбата на компостара за биоразградлив отпад каде ќе се произведува компост. Според плановите овој проект треба да се реализира до крајот на 2018 година.

инвестиција4

Претходно за да се реализираат овие две инвестиции, изградба на халата за селекција и изградба на компостарата, ЈКП „Комуналец“ откупи приватно земјиште што се наоѓаше до депонијата во висина од 3.500.000 денари.

инвестиција5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top