Ентони Џошуа го совлада Владимир Кличко во блескава борба за титлата шамион на светот во тешка категорија на преполниот „Вембли“. Двајцата боксери покажаа неверојатна борба, а на крајот сепак победи помладиот и подобро подготвениот Џошуа. Сега тој е новиот сопственик на појасите во ИБФ, ВБА и ИБО.
Во 11.рунда, Џошуа нападна жестоко, со аперкат го урна на подот Кличко, но тој успеа да се опорави во прв момент. По ова, Џошуа продолжи со нападите, Кличко уште еднаш беше во големи проблеми, а третиот пат судијата во рингот и дефинитивно го прекина мечот.
WOW! Great Fight!! #JoshuaKlitschko pic.twitter.com/kGLbAIVspD
— Fancy Combat (@FancyCombat) April 29, 2017
По првите четири воведни борби и испитувањето на силите, Ентони Џошуа прв му зададе силни проблеми на Кличко. Го испрати на подот, но тој издржа и се врати. Веќе во следната рунда, со силен и прецизен директ, Украинецот го здрма Џошуа, а судијата му броеше. Сепак, и Џошуа остана на нозе и го продолжи мечот.
Следеа неколку рунди на консолидирање, а потоа конечниот удар го зададе Ентони Џошуа. Владимир Кличко, кој во кариерата има 64 победи, од кои 53 со нокаут, најверојатно со ова и ја завршува својата кариера. Џошуа стигна и до 19. победа со нокаут и најверојатно долго ќе владее со светскиот бокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.