| четврток, 6 декември 2018 |

Ако не постоеше оваа криза, ќе имавме повеќе инвестиции во здравството и образованието

Тој потенцираше и дека треба сериозно да се размислува и делува за менување на оваа криза. Според Тодоров прво треба да се разговара и да се најдат разумни решенија за намалување на тензиите и да се врати Македонија во нормален колосек. ЕУ и НАТО се нивните приоритети и тие ќе се борат за тоа

Веќе две ипол години Македонија е во константна криза која беше наметната веднаш по убедливата победата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година – вели Никола Тодоров во интервју за Телевизија Нова.

-Ние имавме планови за намалување на невработувањето, отворање на нови работни места и да не беше оваа криза ќе имаше и повеќе инвестиции во здравството, образованието, ќе се направеа и реформи, но наместо тоа оваа криза за жал ја подели Македонија на две, и го расцепи македонското национално ткиво, ние сме поделени на две, ние сме во ситуација да браќа се караат се мразат, соседи се караат заради политика, а тоа не е суштината на демократијата. Ова се сведе на многу сериозна и примитивна битка и ова мораме да го смениме, истакна Тодоров.

тодоров

Тој потенцираше и дека треба сериозно да се размислува и делува за менување на оваа криза. Според Тодоров прво треба да се разговара и да се најдат разумни решенија за намалување на тензиите и да се врати Македонија во нормален колосек. ЕУ и НАТО се нивните приоритети и тие ќе се борат за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top