| четврток, 6 декември 2018 |

Случувањата во Собрание се смислено сценарио за да предизивика судир кој требаше да го засени нелегалниот избор на претседател на Собрание

todorov3

Од оваа временска дистанца можеме да направиме анализа за се што се случуваше и се плашам дека ова е смислено сценарио, смислен план кој имаше за цел да предизивика судир кој требаше да го засени нелегалниот, незаконски и неделовнички избор на претседател на Собрание, истакна во интервјуто во ТВ Нова Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа се случи за денес никој да не зборува за тоа, туку сите да зборуваат за тоа каков хаос се случи. Никогаш не сум го оправдувал насилството и се надевам дека она никогаш повеќе нема да се случи. Дојде до многу несакан настан и тоа го осудувам.Но, во исто време се случи и сериозно политичко насилство кое може да направи лош преседан кој може да се повторува во иднина во различни околности. Она што мене сериозно ме плаши како човек, граѓанин, политичар е дека ова е многу лош преседан кој ако дозволиме да помине, ќе се повтори со сигурност и многу веројатно е да се повтори и кон оние кои го почнаа ова, вели Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top