Екипата на Монако ја задржа предноста од три бода на врвот на француската Лига 1 и со победа над Тулуз (3-1) го отвори 35. коло.
Тоивонен најави изненадување на стартот на второто полувреме, откако мрежите мируваа во првиот дел. Гостите поведоа, но не успеаја да ја задржат предноста долго време, бидејќи Глик само три минути подоцна го врати Монако во игра и израмни на 1-1. Најголемото откритие оваа сезона во Франција, Килиан Мбапе се погрижи за целосен пресврт во 64. минута. Точка на мечот и на пресвртот за екипата од кнежевството стави Лемар во 75. минута за конечни 3-1.
Со оваа победа Монако ја врати предноста пред главниот конкурент за шампионската титула во Франција, ПСЖ, кој ова коло го чека тешко гостување, утре против екипата на Ница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)