Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела.
– Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошното постапување на полицијата, стои во соопштението на ОЈО Скопје објавено на нивната веб-страница.
При прием на информации, како што се наведува, согласно на поединечните настани, се преземаат конкретни мерки и дејствија.
– Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани, се вели во соопштението.
До овој момент, информираат од ОЈО, не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела.
– Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека ОЈО Скопје нема направено никаква преквалификација на кое било кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација, се наведува во соопштението.
Од ОЈО посочуваат дека бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвинителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Притвор за седуммина кои криумчареле артефакти
-
Алфа: ОЈО се премисли, нема вина кај Симоновски, советникот во МВР осомничен дека предупредувал за ПИ мерки
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија