Личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, или на неговиот партиски челник Зоран Заев, кои за време на инцидентот во Собрание носеле, а еден од нив и употребил огнено оружје, истото го сториле спротивно на законот. Законот за Собрание децидно и јасно предвидува дека личностите кои ги обезбедува МВР, во момент кога ќе влезат во законодавниот дом се под заштита на собраниското, а не нивното обезбедување. Дополнително носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено.
Членот 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека „одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“
Во ставот три од истиот член пишува дека„ носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“
Полициски службеник без посебно барање за тоа и без одобрение не смее ниту да влезе, с уште помалку да носи оружје во законодавниот дом. Овие ставови од членот 43 всушност значат дека личностите кои ги обезбедува МВР кога ќе влезат во Собранието се под заштита на собраниското, а не на личното обезбедување.
Претседателот на СДСМ во вчерашното гостување во „Топ Тема“ рече дека му потврдил на еден член од обезбедување да испука со пиштолот. Заев објасни дека дека телохранителот Аце пукал два пати.
-Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати, рече Заев.
Порталот Инфомакс излезе во текст во кој се наведува дека партискиот војник на СДСМ вработен во МВР, а кој се соочува со висока казна затвор поради тоа што извади пиштол и пукаше во плафонот по наредба на партиски челник во Собранието на Р.Македонија е Ацо Ангеловски. Истиот, бил вклучен во кампањата на Оливер Спасовски за изборите на 11-ти декември, пишува порталот.
Ацо Ангеловски е инаку официјално обезбедување на Оливер Спасовски, кое го наследи како технички министер за внатрешни работи согласно Пржинскиот договор. Вработен е во МВР, функционира како партиски војник на СДСМ, и очигледно нема допирна точка со законот кој треба да го спроведува, имајќи предвид дека чекал наредба и барал дозвола од неговиот партиски шеф да пука во народот, стои во текстот на порталот.
Ангеловски е соочен со казна затвор во траење од три дo 10 години, поради нелегално држење и употреба на огнено оружје. Дополнително, Ангеловски се соочува и со строги санцкии поради прекршување на правилникот за употреба на средства за присилба, имајќи во предвид дека против група на цивили кои немаат оружје не смее во ниту еден случај да се користи огнено оружје, дури ни како предупредување.
Останува отворено прашањето дали ќе има ли одговорност за полицискиот службеник, кој спротивно на процедурите барал совет од Заев дали да употреби огнено оружје во Собранието пред десетици луѓе, ризикувајќи ги нивните животи.
Дополнително, во медиумите вчера се појавија фотографии од уште еден член на личното обезбедување на СДСМ како вперува пиштол во собраниските простории, поточно пред влезот на собранискиот прес-центар. Заев во „Топ Тема“ потврди дека станува збор за нивно обезбедување, извесен Сашо, но според изјава на претседателот на СДСМ, тој не е телохранителот што пукал. По ваквите изјави на лидерот на СДСМ јасно е и потврдено дека, засега, двајца од нивното лично обезбедување биле вооружени спротивно на законот во Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)