-Јас никогаш не сум бегал во никакви добри или лоши моменти, јас често сум патувал и тоа е точно и економски и политички патувања, некогаш ќе се поклопат тие настани со некои настан кои е значаен во Македонија и веднаш сум наоѓал начин да се вратам, изјави Груевски кој додаде дека кога и да бил некој тежок момент во Македонија тој сум бил тука.
Според Груевски изборот на претседател во Собранието е незаконско, нелегитимно, против уставно и против деловничко.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Топ Тема” истакна дека никогаш го нема потценето народ и сака тој да знае до каде е неговата сила и што може да направи.
-Во секој мој настап го употребувам зборот, можеби има некој исклучок, пропуст, секогаш го употребувам зборот граѓанин на Македонија, вклучително и синоќа, понекогаш дополнително го потенцирам македонскиот народ, кога станува збор за ситуација кога нешто се однесува најмногу на македонскиот народ, како што беше во случајот платформата, најмногу го засега македонскиот народ. Името на државата, најмногу го засега македонскиот народ бидејќи се чувствуваат Македонци, а името е Македонија. Во такви случаи го потенцирам македонскиот народ, а речиси во сите случаи, можеби има некој исклучок, во сите изјави ги споменувам граѓаните, изјави Груевски.
Тој рече и дека Македонија подолг период е предмет на надворешен обид за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името.
-Република Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, операција за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името. Во една таква операција, влезени се и многу странски средства преку одредени филантропи. Направена е огромна пропаганда против владејачката гарнитура, пред се против ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се оцрни, да се ослабне меѓународно и во земјата, да го изгуби кредибилтетот и надвор и од граѓаните со цел да ослабнат институциите и народот сам да ја смени владејачката апртија, да донесе друга на власт која што има дадено ветување кои што некој ги посакува и ги има за своја цел во еден таков контекс. Точно е дека ние се соочуваме со проблеми на меѓународен план, но тоа е судбина на сите кои се борат за државни и национални интереси во мали држави кога некој однадвор има некои други цели, рече Груевски.
–Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт , да допре до политичарите. Да допре до оние кои што прифатиле туѓи агенди, кои што прифатиле туѓи сценарија, кои што по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси, изјави Груевски во гостувањето на телевизија Телма.
Груевски додаде и дека се на страната на сиот албански народ кој сака да живее во нашата земја, а не во некоја друга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)