| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Вчера беше тежок ден за Македонија, реакцијата беше човечка (ВИДЕО)

Вчера беше тежок ден за Македонија, за процедурите и за демократијата. Се надевам дека ќе се смират страстите.
­- Не е добро тоа што се случуваше во собранието – измена на процедури и насилство врз пратеници, граѓани, полицајци. Тежок ден. Демократијата и собранието се институции каде се се решава со дијалог а н со насилство. Реакцијата во тие моменти е човечка. Имаше повредени граѓани, полицајци, пратеници, имаше чад, требаше да се носи вода… Луѓето си помагаа. Треба да се почитува колегијалноста – рече Владимир Ѓорчев.
Тој смета дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието не е во согласност со
деловникот и Уставот. Интервјуто со Владимир Ѓорчев го направи Јулијана Николовска. Погледнете го во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top