| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Го осудувам насилството од секој облик, незаконскиот избор на претседател во Собранието треба да биде поука за сите

Македонија вчера преживеа драматичен, непријатен, тежок и непосакуван ден, за жал бевме сведоци на настани кои не му одговара никому и од кои сите ние како граѓани сме засрамени пред се заради имиџот на Република Македонија, изјави Емил Димитриев на прес конференција во Владата на Република Македонија.

Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз пратениците, насилството кое го доживееја и граѓаните и насилството врз процедурите, деловникот, законот и уставот. Би сакал на повредените што побрзо да оздрават и враќање на состојбата во нормала, го осудувам интонирањето на странска химна во Макдонија, го осудувам изборот на незаконското избирање на претседател на собранието и ускратување на правото на пратениците и овие две работи претставуваат грубо нарушување на правото на владеење, ваквото незаконско постапување во собранието треба да биде поука за сите дека во иднина не треба да се преземаат останати неделовнички, незаконски и изнасилени чекори во Собранието – истакна Димитриев.

Тој вели дека не се согласува и со обидот на министерот за внатрешни работи Арбен Нухиу да персонализира некаква наводна одговорност во директорот во Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и во полициските професионалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top