Полициските службеници се под заклетва дека ќе го бранат уставот и законот на Република Македонија, дека ќе го штитат територијалниот интегритет на државата и дека ќе бидат гарант за безбедноста на граѓаните и дека ќе го чуваат јавниот ред и мир. Полициските службеници токму тоа вчера го правеа, полиција веќе две ипол години се справува со сериозни безбедносни закани и предизвици во услови на длабока политичка криза и последиците од неа, изјави Митко Чавков.
-Полицијата минатата година беше обвинувана дека не употребила сила против насилничките акти на протестите на таканаречената „шарена револуција“ кога беше ограбена, запалена канцеларијата на претседателот Иванов, освен канцеларијата на Иванов во континуитет беа напаѓани и владата и Собранието, но и објекти на многу други институции, а полицијата тогаш реагираше само кога беа засегнати животите на граѓаните и на безбедносните службеници. Во текот на вчерашниот ден за жал бевме сведоци на немили настани кога беше нарушен јавниот ред и мир од страна на дел од лицата кои влегоа на незаконски начин во Собранието и јавноста треба да ја знае и да нема никакви шпекулации и дезинформации, полицијата немаше никакви сознанија ниту пак најави за насилни инциденти, а полицијата ги обезбедуваше протестите како и секој ден минатите два месеци, а оперативниот штаб формиран за протестите досега немаше ниту еден еден инцидент за овие шеесет дена, вели Чавков.
Тој потенцираше дека не постоеле никакви дојави дека во текот на вчерашниот ден ќе се случи некаков инцидент, затоа полицијата стандардно со истиот број на полицајци го обезбедуваше собранието на Македонија.
-За жал во собранието по завршуваењето на седницата во Собранието вчера се случија неколку инциденти кои го предизвикаа и испровоцираа револтот кај граѓаните. Настаните потоа се одвиваа брзо како на филмска лента. Граѓаните за неколку минути го обиколија Собранието и се обидоа да влезат внатре. Имаше обид полицијата да го спречи влезот на иритираната и разгневена маса, но употребата на сила во тие услови можеше да значи десетици жртви. Полицијата отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека може да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредени лица. Откако беше воспоставен јавниот ред и мир и откако беа евакуирани лицата чија безбедност беше загрозена, што беше наша примарна задача, полицијата отпочна со увид и идентификација на осомничените во координација со надлежниот Јавен обвинител, истакна Чавков.
Тој вели и дека истрагата и анализите на целиот случај ќе продолжат и во наредниот период и ќе се утврдува поединечната одговорност на сите инволвирани.
-Овие лица кои стојат зад мене учествувале и во воениот конфликт во 2001 година, а своите животи ги ризикувале и во голем број други полициски акции каде го бранеле мирот и безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани.Овие полициски службеници се професионалци. Тоа биле и тоа ќе останат без разлика на политичките обвинувања. Крајно некоректно е нивното постапување да се политизира и истите да бидат претставувани како непријатели на државата и македонскиот народ, рече Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)