Марија Шарапова продолжи со убедливата игра на турнирот во Штутгарт и стигна до полуфиналето со лесна победа над Анет Контавеит од Естонија (6-3, 6-4).
Во двата сета Русинката одигра рутински и на искуство ја победи младата 21-годишна тенисерка. Во воведниот сет на Шарапова и требаа два брејка за 6-3, додека во вториот сет помина малку потешко со оглед на фактот дека го загуби сервисот во два наврати.
Сепак, веќе во десеттиот гем руската тенисерка направи и трет брејк за победа од 6-4. Во полуфиналето ќе чека противничка од дуелот помеѓу Кристина Младеновиќ и Карла Суарез Наваро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.