Репрезентативец на Англија и фудбалер од Премиер-лигата не смее да моли противнички играч за дрес, па макар тоа бил и Нејмар, се коментарите на британските медиуми, по потегот што го направи Оксладе Чембрлен во дуелот со Бразил синоќа. Камерите го фатија фудбалерот на Арсенал, на 20 минути до крајот на мечот, како го „моли“ Нејмар да ги сменат дресовите по натпреварот.
– Разбирам и прифаќам играчите да си ги сменат дресовите по мечот, но глупаво е англиски репрезентативец и играч од Премиер-лигата да се договара со некого во текот на мечот за да му го даде дресот. Штета е за Окс бидејќи одигра одлично и даде прекрасен гол – рече во ТВ емисијата по мечот, Рој Кин.
А, репрезентацијата на Англија има супер прекар, “Гордиот Албион“, што веројатно во занес и во битка за дресот на Нејмар, за момент го заборави Чембрлен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


