| четврток, 6 декември 2018 |

Нухриу најави оставка и му го честита на Џафери нелегитимниот избор

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на денешната прес-конференција го осуди синоќешните настани во Собранието на РМ, но потенцира дека најголем дел од вработените во МВР се професионалци, со чија помош била ставена ситуацијата под контрола. Информира дека синоќа стапиле во контакт и со Јавното обвинителство со цел обезбедување на сите потребни материјали за расчистување на настаните и аплираше Обвинителството активно да се вклучи во активностите со цел во најбрз можен рок да бидат расчистени настаните.

Министерот за внатрешни работи рече дека од морални причини ќе се повлече од функцијата и дообјасни дека тоа ќе го побара од лидерот на неговата партија.

Чувствувам морална обврска затоа што за овој четиримесечен период колку што сум на чело на Министерството не успеав да го тргнам влијанието на политиката во раководните структури на МВР и затоа ќе барам мое повлекување, изјави Нухиу.
Тој на прес-конференцијата во МВР ја искористи да му го честита, како што наведе, изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top