| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Настаните во Македонија се алармантни, но насилството не е решение

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги опиша како алармантни настаните во Македонија, додавајќи дека насилството не може да биде излез од никаков проблем, соопшти приватната турска телевизија НТВ.

-Посакуваме на пријателската и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност – изјави Ердоган во денешниот говор во Истанбул.

Во одделна изјава на претседателството на Турција се изразува „длабока загриженост“ поради насилството во македонскиот парламент и се поттикнува создавање нова влада со почитување на демократските принципи. „Македонија има клучно значење за воспоставувањето траен мир на Балканот“, оцени турското претседателство, пренесува БТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top