| четврток, 6 декември 2018 |

Излегувањето на избори е излегување од кризата

Единс­тве­но­то не­што за што би мо­же­ло да се раз­го­ва­ра на евен­ту­ал­на­та ли­дер­ска сред­ба е утвр­ду­ва­ње­то на мо­мен­тот за но­ви пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ка­ко из­лез од по­ли­тич­ка­та, оп­штес­тве­на­та, па и без­бед­нос­на­та „без­из­лез­ност“. Сѐ дру­го ќе би­де раз­бра­но ка­ко под­др­шка на трен­дот „се­ља­и­за­ци­ја“. Оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци не се пов­ле­ку­ва­ат пред под­др­жу­ва­чи­те на пла­тфор­ма­та, а из­бо­ри­те, пак, се ци­ви­ли­за­ци­ски­от до­стрел за ре­ша­ва­ње на та­кви­те ге­не­ра­ци­ски пра­ша­ња

Но­ви из­бо­ри се ба­ра­ат и за вре­ме на оп­тег­на­та­та до не­дог­лед кон­сти­ту­тив­на сед­ни­ца на Со­бра­ни­е­то, пет­ти ме­сец по пре­циз­но спро­ве­де­ни­от из­бо­рен ин­же­не­ринг, ка­ко по­ну­да по­сто­јат и од ВМРО-ДПМНЕ кон со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те по­дол­го вре­ме, а ба­ра­ње­то за из­бо­ри оста­ну­ва глав­на цел на про­тест­но­то дви­же­ње „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“.

„Из­бо­ри за фи­нал­на по­бе­да“ е ка­на­ли­зи­ра­но­то ба­ра­ње на две­сте ил­ја­ди из­би­ра­чи, кои во пла­тфор­ма­та, па и во тен­ден­ци­ја­та на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, го пре­поз­наа оби­дот за раз­не­би­ту­ва­ње и на др­жа­ва­та и на ма­ке­дон­ски­от на­род. От­та­му по­со­чу­ва­ат на пре­циз­ни че­ко­ри, ме­то­ди и актив­но­сти, со кои низ де­мо­крат­ски из­бо­ри ќе се дој­де до из­лез од кри­за­та. Под­др­шка за ба­ра­ња­та, из­бо­ри и отфр­ла­ње на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, гра­ѓа­ни­те по­ба­раа и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Тер­ми­нот за одр­жу­ва­ње на ло­кал­ни­те из­бо­ри се од­лич­на мож­ност за но­ви пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, но се­га за­е­ви­сти­те бе­га­ат од се­ка­ква из­бор­на ком­би­на­ци­ја и со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот. По­ра­ди свес­но­ста за от­по­рот кон ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, но уште по­ве­ќе от­по­рот кон мол­кот на за­е­ви­сти­те и нив­ни­от од­нос кон гра­ѓа­ни­те, за­е­ви­стич­ки­те со­у­чес­ни­ци ги тур­ка­ат ло­кал­ни­те кол­ку што е мож­но под­ла­бо­ко во ид­ни­на­та.

Одр­жу­ва­ње­то на ло­кал­ни­те из­бо­ри што по­ско­ро е важ­но и од ас­пект на функ­ци­о­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, но и ка­ко пре­вен­ти­ва од ве­ќе нај­а­вен из­бо­рен ин­же­не­ринг кој се ко­ве во зад­ни­на. Тоа што се по­со­чу­ва ка­ко до­бра шан­са и за пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри е дру­го пра­ша­ње, но имај­ќи го пред­вид ст(р)авот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те за­ра­ди пла­тфор­ма­та, но и за­тку­лис­ни­те игри, јав­но се от­ста­пу­ва од се­ка­кво ско­ро со­о­чу­ва­ње со гра­ѓа­ни­те.

За­тоа, тоа што се за­го­ва­ра ка­ко те­ма, евен­ту­ал­на ли­дер­ска сред­ба за со­стој­ба­та, во мо­мен­тов не мо­же да би­де по­све­те­но на ни­што дру­го освен на мо­мен­тот ко­га нај­ско­ро би се спро­ве­ле из­бо­ри. И ло­кал­ни и пар­ла­мен­тар­ни.

 

Из­бо­ри за со­се­ку­ва­ње на из­бор­ни­от ин­же­не­ринг

Кар­ти­те се на ма­са, оваа пар­ти­ја „отво­рен по­кер“ ко­ја се игра оста­ва мно­гу мал­ку про­стор за тај­ност или пре­сврт. Исто­вре­ме­но до­де­ка за­е­ви­сти­те на­мет­наа ре­ска по­дел­ба во гра­ѓан­ско­то тки­во, со обид на­сил­но да се пре­ки­не вр­ска­та со на­ци­о­нал­на­та и кул­тур­на­та по­себ­ност, ет­нич­ки­те Ал­бан­ци ус­пе­а­ја да по­стиг­нат до­го­вор-пла­тфор­ма за уце­ни, а по­тоа и да поч­нат нат­пар­ти­ско обе­ди­ну­ва­ње со единс­тве­на цел – кре­и­ра­ње искри­ве­на сли­ка на ре­ал­но­ста за по­тре­ба­та од дво­ја­зич­ност и би­на­ци­о­нал­ност без при­тоа да се спро­ве­де по­пис. Зго­ра на сѐ, за тоа има­ат отво­ре­на под­др­шка и ло­ги­сти­ка и од Ти­ра­на и од При­шти­на, кои вло­гот го по­ткре­наа со нај­а­ва за обе­ди­ну­ва­ње.

До­де­ка за­е­ви­сти­те игра­ат кри­ен­ка со што „до­го­во­ри­ле“ (по­ве­ро­јат­но што им на­мет­на­ле из­бор­ни­те ин­же­не­ри) и при­фа­ти­ле за ко­а­ли­ци­ра­ње со пот­пис­ни­ци­те на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, пот­пис­ни­ци­те на пла­тфор­ма­та ка­ко ар­гу­мен­ти пред ко­ла­чот на гла­са­чи-ет­нич­ки Ал­бан­ци, кој им бе­ше скра­тен на сме­тка на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ги ко­ри­стат до­го­во­ре­ни­те за­ко­ни и на­мет­на­ти­те ре­ше­ни­ја врз ко­а­ли­ци­ја­та за да се вра­ти за­гу­бе­ни­от влог во гла­со­ви. Ва­кви­от при­од ду­ри е и прем­но­гу вид­лив со од­лу­ка­та да се ко­а­ли­ци­ра на ет­нич­ко, се­ал­бан­ско ни­во во др­жа­ва­та на ло­кал­ни­те из­бо­ри. Во пре­вод – от­ста­пе­ни­те ме­ста во пар­ла­мен­тот се­га ќе тре­ба ка­ко џо­кер да оди­гра­ат во ло­кал­ни­те из­бо­ри за да се на­мет­не ве­штач­ка по­тре­ба од дво­ја­зич­ност во што по­го­лем број оп­шти­ни во др­жа­ва­та. Кол­ку е по­го­лем бро­јот на дво­ја­зич­ни оп­шти­ни, тол­ку по­го­ле­ма сли­ка за при­ка­жу­ва­ње на по­тре­ба­та од устав­на дво­ја­зич­ност. А по нај­а­ва­та на За­ев во пре­диз­бо­ри­е­то за „сол­феж на ал­бан­ски“ во При­леп, во­оп­што не тре­ба да из­не­на­ди де­ка та­кви­те ба­ра­ња ќе има­ат под­др­шка од за­е­ви­сти­те.

За­тоа, тоа што се за­го­ва­ра ка­ко те­ма, евен­ту­ал­на ли­дер­ска сред­ба за со­стој­ба­та, во мо­мен­тов не мо­же да би­де по­све­те­но на ни­што дру­го освен на мо­мен­тот ко­га би се спро­ве­ле из­бо­ри. Не мо­же ве­ќе да се пре­го­ва­ра ни­ту со ба­ра­ње­то за отфр­ла­ње на пла­тфор­ма­та во за­ме­на за под­др­шка за власт на за­е­ви­сти­те би­деј­ќи за тоа тие имаа до­вол­но вре­ме. По тол­ку глас­ни­от молк и за­го­ва­ра­ње за фор­ми­ра­ње втор, па­ра­ле­лен, ква­зи, ви­стин­ски или ка­ко и да го на­ре­ку­ва­ле во пла­нот пар­ла­мент, не мо­же, ни­ту е доз­во­ли­во, да се ве­ру­ва де­ка не­ма по­втор­но да би­дат зло­у­по­тре­бе­ни по­зи­ци­ја­та и пар­ла­мен­тар­на­та со­стој­ба за по­втор­но на­вра­ќа­ње на те­ми­те ка­ко дво­ја­зич­ност, ге­но­цид, про­ме­на на хим­на, грб, зна­ме, име на кул­ту­ра, на др­жа­ва. Пос­лед­но, но не и по­мал­ку важ­но, гра­ѓа­ни­те, гла­са­чи­те, во од­не­су­ва­ње­то на за­е­ви­сти­те пре­поз­наа ла­га и пот­це­ну­ва­ње, на сме­тка на под­др­шка од ли­ца ка­ко Зи­ја­дин Се­ља. Вра­ќа­ње­то на те­ма­та за под­др­шка­та за власт кон за­е­ви­сти­те, нас­про­ти но­ви из­бо­ри, ќе би­де раз­бра­но са­мо ка­ко при­фа­ќа­ње за „нор­мал­ност“ на трен­дот „се­ља­и­за­ци­ја“.

Ток­му за­тоа из­бо­ри и са­мо из­бо­ри мо­же да би­де те­ма­та за ко­ја на ли­дер­ска, или на кој би­ло друг фор­мат на сред­би, евен­ту­ал­но, би се од­лу­чи­ле по­ли­тич­ки­те пар­тии. Ви­стин­ско­то ре­ше­ние на кри­за­та се из­бо­ри, кои не са­мо што ќе го по­ка­жат ви­стин­ско­то рас­по­ло­же­ние на јав­но­ста, ту­ку и ќе овоз­мо­жат фор­ми­ра­ње пол­но­прав­ни ин­сти­ту­ции кои ќе мо­жат да од­го­во­рат на овие пре­диз­ви­ци. Фа­ктот де­ка по­ну­да за та­ков фор­мат бе­ше по­со­чен од со­бра­ни­ска­та го­вор­ни­ца, а вед­наш од­би­ен и од за­е­ви­сти­те и од нив­ни­те са­те­ли­ти, не са­мо што ги де­ман­ти­ра­ат твр­де­ња­та де­ка „ре­зул­та­тот ќе се по­вто­ри“ ту­ку и де­ка на из­бо­ри­те ќе би­дат над­ми­на­ти нај­пе­си­ми­стич­ки­те из­бор­ни ана­ли­зи.

 

Молк за пла­тфор­ма­та, при­ти­сок за за­та­ју­ва­ње

Мно­гу е ин­те­ре­сен ас­пе­ктот што по­ка­жу­ва де­ка си­те што ин­си­сти­раа на од­ло­жу­ва­ња и одр­жу­ва­ња на из­бо­ри­те „на тре­та мај­ка“ ток­му по нив­но ин­си­сти­ра­ње, се исти­те тие што се по­со­чу­ва­ат ка­ко вме­ша­ни во из­бор­ни­от ин­же­не­ринг кој има­ше за цел це­лос­на по­де­ле­ност (чи­тај: бло­ки­ра­ност) на пар­ла­мен­тот за да мо­жат со вто­ро­то нив­но „че­до“, кре­и­ра­ње на би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва, да си го по­кри­јат сопс­тве­ни­от срам од нес­по­соб­но­ста да се спра­ват со грч­ки­от фа­ши­зам на­ре­чен „проб­лем по­вр­зан со име­то“.

Ин­те­рес­но, за исти­те тие ли­ко­ви проб­ле­мот со функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ло­кал­на­та власт, за ко­ја и до­се­га се искр­ши­ја да по­ка­жат де­ка тре­ба да функ­ци­о­ни­ра не­пре­че­но и кол­ку што е мож­но по­са­мо­стој­но од цен­трал­на­та власт, се­га во­оп­што и не се спом­ну­ва. Јас­но е де­ка и кај нив по­стои стра­вот од гу­бе­ње­то на ре­зул­тат­ски­от из­бо­рен фал­си­фи­ку­ван џек-пот до­кол­ку се спо­јат ло­кал­ни­те и но­ви пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, но уште по­ве­ќе се на­мет­ну­ва пре­мол­чу­ва­ње­то за иде­ја­та за се­ал­бан­ска ко­а­ли­ци­ја на ло­кал­ни­те ка­ко фор­ма на под­др­шка.

Но, уште по­јас­но е де­ка кај нив не згас­ну­ва лес­но на­деж­та де­ка, се­пак, мо­же да се слу­чи чу­до и пла­но­ви­те да им по­ми­нат. Се­пак, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка ва­ков из­бо­рен ин­же­не­ринг, ка­ков што све­до­чев­ме во де­кем­ври, ба­ра го­ле­ма по­све­те­ност, дол­го­тра­ен из­бор на лу­ѓе, на те­ми, вло­жу­ва­ње во „еду­ка­ци­ја“, ин­до­ктри­на­ци­ја, па и раз­ни кон­та­кти и вр­ски со сом­ни­тел­ни ли­ко­ви, за се­то тоа да би­де отфр­ле­но по „са­мо“ пет ме­се­ци по ус­пеш­ни­от про­ект – из­бо­ри­те, и по „са­мо“ 60 де­на гра­ѓан­ски от­пор. По­твр­ди за ре­ал­но­ста на овој про­ект стиг­ну­ва­ат сѐ по­че­сто по усто­ли­чу­ва­ње­то на Трамп во Ва­шин­гтон, но и по истра­га­та на „Џу­ди­шал воч“ ко­ја на­и­де на ѕид и нив­но­то за­ло­жу­ва­ње ра­бо­та­та по суд­ски пат да ја исте­ра­ат на ви­де­ли­на.

От­ту­ка се и по­ра­ки­те што се упа­ту­ва­ат од не­и­ме­ну­ва­ни из­во­ри за „ур­гент­на­та по­тре­ба“ за фор­ми­ра­ње на „но­ва­та власт“ во Ма­ке­до­ни­ја, кои се по­ве­ќе или по­мал­ку де­гу­тант­ни и те­шко при­фат­ли­ви и за са­ма­та ме­ѓу­на­род­на ад­ми­ни­стра­ци­ја. Но, се при­фат­ли­ви за ло­кал­ни­те игра­чи кои го раз­би­ра­ат ка­ко сиг­нал за оп­сто­ју­ва­ње во на­ме­ра­та за ти­вко раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та.

Се­то тоа е и прем­но­гу не­ве­што изи­гра­но, из­на­си­ле­но, ве­штач­ко, што на­ро­дот, гра­ѓа­ни­те, гла­са­чи­те, пар­ти­ски опре­де­ле­ни­те и по­ли­тич­ки­те „ате­и­сти“ го пре­поз­на­ва­ат и со го­ло око. Но, таа не­ве­штост не се дол­жи на нив­но­то не­и­скус­тво, па и во дел од сос­лу­шу­ва­ња­та во САД пов­за­ни со исте­ку­ва­ње до­ку­мен­ти (што за­мис­ле­те и та­му би­ло за­бра­не­то, каз­ни­во и не­до­пуст­ли­во гра­ѓа­ни да би­дат из­ло­же­ни на ја­вен ре­зил) де­ка са­мо САД учес­тву­ва­ле во де­се­ти­ци тур­ка­ња на вла­ди и по­ста­ву­ва­ње ма­ри­о­нет­ски тре­ни­ра­ни ин­ста­ла­ции на нив­но ме­сто. Не; нив­на­та ре­ак­ци­ја, она­ква ка­ква што ја све­до­чи­ме, се дол­жи на пот­це­не­та­та ре­ак­ци­ја оче­ку­ва­на од гра­ѓа­ни­те и, мно­гу по­важ­но, ло­ши ло­кал­ни ин­фор­ма­то­ри, кои ги убе­ду­ва­ат де­ка до­кол­ку се „при­тис­не“ ВМРО- ДПМНЕ, ба­рем пре­ку СЈО, ре­вол­тот кај гра­ѓа­ни­те ќе по­пу­шти.

Та­ква­та лаж­на сли­ка, се­пак, не се пок­ло­пу­ва со ре­ал­но­ста за 60-днев­но­то мар­ши­ра­ње на Ма­ке­дон­ци­те во си­те гра­до­ви на зем­ја­та чи­и­што ба­ра­ња се све­ду­ва­ат на ед­но – но­ви из­бо­ри без ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. Тоа што е не­сфат­ли­во за ин­же­не­ри­те е де­ка, за раз­ли­ка од нив­ни­те кон­тра­кто­ри во игра­та, во ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род не­ма ни­ту ед­на ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци што не да­ле огром­на са­мо­жр­тва за ова пре­о­ста­на­то пар­че зем­ја. Пред под­др­жу­ва­чи­те на пла­тфор­ма­та и нив­ни­те спон­зо­ри кои се истр­чаа да го за­тво­рат „проб­ле­мот над си­те проб­ле­ми“ – „ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“ – за­ста­наа оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци.

Зна­е­ме ка­ко, уште по­важ­но, зна­е­ме ко­га и за што не­ма пов­ле­ку­ва­ње. Се­га е на­ши­от ред да се из­бо­ри­ме за Ма­ке­до­ни­ја. И од тоа не­ма пов­ле­ку­ва­ње. Из­бо­ри­те, пак, се ци­ви­ли­за­ци­ски­от до­стрел за ре­ша­ва­ње на та­кви­те ге­не­ра­ци­ски пра­ша­ња.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 243. број на неделникот „Република“, 28.4.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top