Претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, прогласи крај на седницата, што наиде на отпор од пратениците на СДСМ, Беса, ДУИ и Алијансата на Села. Надвор од сите деловнички норми, со очигледна намера за спроведување на замисленото, Ферид Мухиќ како најстариот присутен пратеник од СДСМ и албанските партии меѓу клупите ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Веднаш потоа, со 62 гласа „за“ од коалицијата на Заев, Талат Џафери од ДУИ беше избран за незаконски претседател на парламентот. Во текот на незаконската процедура, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја химната на Република Македонија, онаа на која Заев и неговите албански партнери не се чувстуваат комотно.
Целата ситуација беше постојано пропратена со обид за мирно спречување на државниот удар од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа дека во Собранието се врши пуч и предупредуваа на последиците од него.
Надвор од сите норми и востановени правила, скриен од своите, меѓу клупите, Талат Џафери даде заклетва за претседател на Собранието, а потоа се обрати прво на албански, па на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)