
Хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен останува на „Енфилд роуд“ до 2021 година, откако и официјално потпиша договор за продолжување на соработката со англискиот прволигаш. Во договорот има клаузула и за дополнително продолжување на договорот за уште 12 месеци, доколку се задоволни и двете страни.
– Секогаш сум потенцирал дека сум среќен во Ливерпул, и без размислување прифатив да ја продолжам соработката со клубот. Во иднина ќе продолжам да го давам максимумот на секој натпревар и се надевам дека со тимот ќе бележиме успеси – изјави Ловрен.
Хрватот дојде на „Енфилд роуд“ од Саутемптон во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


