| четврток, 6 декември 2018 |

Црните сценарија се обзнанија: СДСМ и Албанците извршија државен удар во три чекори (ВИДЕО)

СДСМ и албанските партнери се обидоа насилно, спротивно од волјата на народот, да изберат претседател на Собранието и да формираат влада, за што предупреди „Република“ уште на 9 април годинава.

Како што поминуваше времето и како што се зголемуваше одѕивот на граѓаните на улиците низ државата против прифаќањето на тиранската платформа, така се намалија на минимум шансите Зоран Заев да формира влада спротивно на волјата на народот. Тоа го гледаат и неговите албански партнери, кои на СДСМ му донесоа повеќе од 70.000 албански гласови. Јасно се виде дека ова е единствена опција СДСМ да ја намали разликата во гласови со ВМРО-ДПМНЕ и да дојде на власт, а како противнадомест СДСМ во целост презеде обврска да ја реализира албанската платформа. Тие сега го држат Заев под притисок и уцена по секоја цена да направи влада.

sobranie nemiri 27 04 2017 (7)

Првиот чекор веќе беше изнесен во јавност – со кршење на Деловникот за работа на Собранието, кој во чл. 80 ст.2 вели дека расправата трае сѐ додека не сѐ исцрпи листата на пријавени за збор и со такво флагрантно кршење на Деловникот да се премине на втора точка на расправа, која би била избор на претседател на Собранието. Доколку СДСМ не успее во тоа, веројатно би оделе на варијантата што ја заговара Мерсел Биљали, а која подразбира формирање паралелни институции.

sobranie nemiri 27 04 2017 (4)

– Добро е мнозинството да размисли самото да избере претседател на Собранието и на Владата, во кои и да било простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и од САД и тие фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната влада, министерствата и другите органи – најави Мерсел Биљали, еден од експонентите на Сорос блиски до СДСМ, кој понуди начин како да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци и да се спречат дискусиите за штетните последици на прифаќањето на тиранската платформа.

Ова упатство Заев го искористи како прв чекор во реализацијата на државниот удар во Собранието на Република Македонија, а и ЕУ и САД побрзаа да го признаат легитимноста на негелитимно избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Освен тоа, на целата предавничка епизода ѝ претходи најавата на Хојт Ли дека на 1 мај ќе ја посети земјата, а Талат Џафери, како што најави Заев, ќе го поздрави високиот гостин од спикерската позиција.

Додовска: Има причина зошто СДСМ токму сега се осмели на ваков чекор

Од говорницата во Собранието најави дека претседател на собранието ќе се избере на ваков или на онаков начин.

Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ – рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде што го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор во согласност со Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.

 

Потоа на прес-конференција во Прес-центарот на Собранието, Заев го повтори овој став и нагласи дека не се откажува од спроведувањето на Тиранската платформа, во која тој не гледа „ништо лошо“.

 

Вториот чекор беше да се предизвика тепачка во Собранието и некој од пратениците на СДСМ да седне на местото на Велјаноски, да претседава со Собраниската седница, така што веднаш ќе се премине на гласање на претседател на Собаранието.

За ваквиот начин на разврска Фрчкоски во својата најнова колумна јавно ја советува опозицијата.

– Вељановски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ – пишува Фрчкоски.

Второто сценарио подразбира насилна узурпација на столчето на претседавачот Трајко Велјановски, со што на негово место би дошол Талат Џафери.

Ова и се случи, но СДСМ не успеа да ги испровоцира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, па не дојде до тепачка во Собранието.

Увертира во државниот удар што го изведоа СДСМ и албанските партии во Собранието на Република Македонија беше изведувањето на  албанската химна од говорницата. Химната ја испеа пратеникот Зеќирија Ибраими од Беса и додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ силно негодуваа, пратениците Албанци, меѓу кои и тие од СДСМ, застанаа за почит, а пратениците од СДСМ неалбанци премолчија.

По официјалниот деловнички завршок на денешната собраниска седница, пратениците на Заевата коалиција одбија да го напуштат парламентот. Иако свесни дека надвор пред законодавниот дом се одвива протестот на граѓаните од за заедничка Македонија, тоа не го спречи Заев надвор од Деловникот со своите пратеници да избере нелигитимен претседател на парламентот.

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски прогласи крај на седницата, што наиде на отпор од пратениците на СДСМ, Беса, ДУИ и Алијансата на Села. Надвор од сите деловнички норми, со очигледна намера за спроведување на замисленото, Ферид Мухиќ како најстариот присутен пратеник од СДСМ и албанските партии меѓу клупите ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Веднаш потоа, со 62 гласа за од коалицијата на Заев, Талат Џафери од ДУИ беше избран за незаконски претседател на парламентот. Во текот на незаконската процедура, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја химната на Република Македонија, онаа на која Заев и неговите албански партнери не се чувстуваат комотно.

Целата ситуација беше постојано пропратена со обид за мирно спречување на државниот удар од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа дека во Собранието се врши пуч и предупредуваа на последиците од него.

Надвор од сите норми и востановени правила, скриен од своите, меѓу клупите, Талат Џафери даде заклетва за претседател на Собранието, а потоа се обрати прво на албански, па на македонски.

talat dzaferi (2)

Лидерот на СДСМ по ова, луцидно и испланирано, а со цел да се предизвика инцидент и да се префрли топката кај народот, во прес-центарот на Собранието, во 18.20 часот, кога граѓаните од За заедничка Македонија се токму пред Собранието, на граѓаните им го честита изборот на нелигитимно избраниот собраниски спикер.

Заев рече и дека изборот е извршен во согласност со сите деловнички норми, иако тој и неговата коалиција извршија упад во деловникот и извршија класичен државен удар со далекосежни последици.

sobranie nemiri 27 04 2017 (7)

Третиот чекор, опцијата за која Заев најмногу се залагал, е да го активира криминалното подземје и на тој начин да ги судри со протестантите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од чиешто присуство Заев има огромен страв и ги чувствува како најголема пречка за убрзување на процесот плашејќи се од граѓанската реакција.

sobranie nemiri 27 04 2017 (26)

Тоа и се случи.

Инцидентот започна кога обезбедувањето на Заев впери оружје во народот (ФОТО)

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top