| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Најсоодветно решение се нови парламентарни избори

„Секој разумен човек би го прифатил предлогот на претседателот Иванов“, изјави универзитетскиот професор Александар Климовски во ТВ Нова.

Тој додаде дека најдобро е политичките лидери да седнат и разговараат во една порелаксирана атмосфера и во рамките на правилата на парламентарната демократија се изнајдат соодветни решенија.

„Најсоодветно решение е да се договори некој формат на Влада којашто ќе ги спроведе вонредните парламентарни избори заедно со локалните“, смета Климовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top