| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Пратениците на СДСМ се виновни за случувањата во Собранието

За ова што се случи во Собранието пратениците од СДСМ самите се виновни, а беа и предупредувани дека може да дојде до ова, вели универзитетскиот професор Александар Климовски во гостувањето во вестите на ТВ Нова.

„Во неколку наврати беа предупредени дека до ова може да дојде. Дури и денеска интензитетот на другите пратеници, од другите пратенички групи, беше силен, да не го прават тоа што го намислиле, да не го прават тоа на начин којшто ги крши основните документи по коишто функционира Собранието, а тоа се Уставот на РМ и Деловникот за работа на Собранието. И едното и другото беа прекршени“, рече Климовски.

Граѓаните од протестите „За заедничка Македонија“ денеска во одбрана на демократијата влегоа во Собранието откако пратениците од СДСМ и нивните партнери нелегално и надвор од собраниските процедури го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top