| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Уставен итно да се изјасни за иницијативите за мандатот на локалната самоуправа (видео)

Јас мислам дека секоја иницијатива што се поднесува до Уставен суд е право на граѓаните, односно на подносителите на тие изјави и јас мислам дека тие се уставни. Не треба да се заборави дека судиите уживаат имунитет. Судијата го има имунитетот со истиот капацитет како што го имаат и пратениците, вели во интервју за телевизија „Сител“ поранешниот прв човек на Собранието, Саво Климовски.

-Јас мислам дека тоа е еден флагрантен обид да се врши директен притисок на Уставниот суд и директно на судиите на Уставниот суд воопшто да не пристапат во разгледување и донесувањето одлука, тоа си е нивна, во врска со поднесените иницијативи. Напротив, јас мислам дека таа одлука мора да се земе како приоритетна, Уставниот суд веднаш треба да расправа по поднесените иницијативи и со оглед на значењето, со оглед на сензибилноста, со оглед на карактерот на прашањето кои што го покренуваат во тие иницијативи, мислам дека тоа би било многу одговорно и политички исправно – вели Климовски.

Тој додава дека уставно-правно е сосема во ред, тие уживаат  имунитет и порачува да не се плашат од никаква кривично-правна одговорност.

-Ова е директен напад врз самостојноста, имунитетот и начинот на одлучување на уставните судии, и тоа за мене е неприфатливо – вели Климовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top