Иако полцијата се обидува со димни бомби да ги растера граѓаните насобрани пред Собранието, тие не се повлекуваат и остануваат мирно да ја следат ситуацијата.
Граѓаните кои се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија се одзваа на повиците на МВР и не даваат отпор на полицијата и не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при преземање на мерки за евакуација и укажување на медицинска помош на тешко повредени пратеници, полициски службеници и граѓани.
Во овие моменти полицијата со фрлање на неколку димни бомби се обидува да ослободи еден од влезовите во Собранието. Поради димните бомби народот се повлекува наназад, но не си заминува.
Се претпоставува дека се прави обид да се создаде простор за брзата помош да може безбедно да ги превземе повредените од Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


