Ова што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме овде, изјави вечерва премиерот и избраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Тој апелираше до граѓаните на Македонија проблемите да ги решаваат на мирен начин.
На прашањето како гледа на ова што се случува во Македонија, тој рече:
– Како претседател на Владата на Србија секогаш правев сѐ за одржување на најдобри можни односи меѓу Белград и Скопје и меѓу Србија и Македонија. Мислам дека граѓаните на Македонија тоа добро го знаат и го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на Македонија, но и кон државата Македонија. Многу сум загхрижен поради вечерашниве настани и мојата единствена порака, а луѓето во Македонија знаат дека таа доаѓа од искрен пријател, е да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решаваат на мирен начин. Смирувањето на ситуацијата е во најголем интерес и на Македонија и на нејзините граѓани, a сите други проблеми може да се решаваат на преговарачка маса, на мирен начин и во мирна атмосфера – наведе Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста