| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ цел ден во Собранието молеше да не дојде до ова

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден во Собранието замолуваа СДСМ и албанските партии да не се обидуваат да направат државен удар.

-Втора работа, да ве замолам многу искрено и многу човечки да не се обидувате да направите државен удар. Ве замолувам искрено, да не мислите дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите, надвор од оваа сала, надвор од оваа зграда, ќе е нешто што ќе направи добро за Македонија. Ве замолувам да разберете дека нити тој претседател ќе биде аирлија претседател, нити таа Влада ќе биде аирлија Влада, заради тоа што на таков начин ќе ја дотолчите и ќе ја дотерате до крај поделеноста која што и ден денеска, за жал, е на високо ниво во Македонија, подвлече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top