| четврток, 6 декември 2018 |

Еве со кого Марјана била на пуст остров…

Плажа, сонце и вода, идеална енергија за да се роди љубов помеѓу двајца млади. Таа згодна како сирена, тој со мелодија која освојува. Марјана Станојковска и Тајзи се во љубов во новиот спот на Тајзи за песната „Регетон“. Откако го најави својот прв, соло-албум, Тајзи работеше на првиот сингл за кој деновиве се сними и видеозапис во Струга. Режисер на спотот е Даниел Јовески, а во главните улоги се Тајзи и Марјана.

tyzee740

Иако пред недела дена тој остана без „Љубов“ на „Јутјуб“, а песната имаше преку 500.000 прегледи за 3 месеци, од неговата нова „Регетон“ очекуваме уште поголем број конзументи на овој летен хит кој го најавува Тајзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top