| четврток, 6 декември 2018 |

Средба со пензионерите од општина Бутел: Нашиот народ сака да живее во една татковина

Денеска на шеесетиот ден од почетокот на протестите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, членовите од оваа организација се сретнаа со пензионерите од сојузот на пензионерите од општина Бутел, кои дадоа поддршка на оваа иницијатива.

-Како што најавивме минатата недела во тек се средби со разни организации, здруженија се со цел да дискутираат за моменталната ситуација во која што се наоѓа Македонија, како и за нашата иницијатива, што во иднина треба да се случува, за преформулирањето на нашите барања, на почетокот баравме отфрлање на Тиранската платформа, тие учесници одбија да ја отфрлат, но ние на улиците докажавме дека сме посилни од таа платформа, па сега за конечен излез од кризата бараме одржување на нови парламентарни избори и затоа сакаме да го слушнеме и нивниот одоговор, бидејќи и тие се поддржувачи на нашата иницијатива, рече Богдан Илиевски, членот на граѓанската иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top