Најдобата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше убедлива победа од 2-0 (6-3, 6-0) во сетови над Џулија Вулпио од Доминиканската република во второто на ИТФ турнирот во Тунис.
Лина делуваше уверливо и самоуверено влезе во мечот освојувајќи го првиот сет за 35 минути игра не дозволувајќи и на противничката да притисне и да го врати брејкот.
Во вториот тетовката буквално ја збриша противничката и лесно со 6-0 го освои сетот и мечот го заврши за помалку од 50 минути игра.
Во третото коло односно во четвртфиналето противничка на Ѓорческа ќе биде подобрата од дуелот Солер-Еспиноза (четврта носителка) и Гарсија Перез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.