| четврток, 6 декември 2018 |

Патриотските здруженија со порака до Заев: Нека не ве лаже ѓаволот да преземете мерки против Македонија и нејзиниот народ

pz1

Испровоцирани од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, патриотските здруженија му порачаа да не ги лаже ѓаволот да преземат некои мерки контра Македонија и нејзинот народ.

Македонските патриотски здруженија повторно го повикаа народот да излезе уште помасовно на протестите со цел да ја спаси својата држава од влегување во сценарио од кое нема враќање назад.

Од МПЗ „Славчо Абазов“ велат дека застануваат зад унитарноста на независна Македонија и дека не прифаќаат никаква тиранска платформа.

„Македонското патриотско здружение, „Славчо Абазов“ – Кочани, застанува зад унитарноста на независна Македонија, никаква тиранска платформа не прифаќаме, која е наметната од туѓа држава и никако промена на државните симболи, спремни сме да застанаме на браникот на државата и да ја браниме со сите расположливи средства“, пишува во нивниот статус на „Фејсбук“.

Од патриотското здружение од Прилеп, Пере Тошев, велат дека многу пати биле навредувани и омаловажувани од структури на општеството коишто ѝ мислат лошо на Македонија, а во последниве денови најголема навреда за македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“ за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви, туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција, чиишто траги од нивните активности се видливи и ден- денес во секој град на Република Македонија, се вели во нивниот статус.

pt

Почитувани пријатели Македонци и Македонки !!!

„Протестираме веќе два месеци со поддршка „За заедничка Македонија“. Многу пати сме биле навредувани и омаловажувани од некои структури на општеството кој што и мислат лошо на Македонија, а во последниве денови најголема навреда за Македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“, за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција чии што траги од нивните активности се видливи и ден денес во секој град на Република Македонија. Ние како Македонско Патриотско Здружение – Пере Тошев и како дел од Македонскиот Национален Фронт во Република Македонија, нема да дозволиме да се повторуваат сликите од пред неколку години со фрлање на боја по државни институции, фарбање на споменици на дејците кои што оставиле трага во Македонската историја. Сега ни треба обединување на Македонците за зачувување на унитарноста на државата, обединување за отфрлање на наметнатата Тиранска платформа, а не фарбање на очи“, стои на статусот на МПЗ „Пере Тошев“ на „Фејсбук“.

МПЗ „Тодор Александров“ вчера го повика целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија“, да се отфрли тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.

pat5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top