| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Заев – Ахмети: Промена на грбот и на знамето и закон за јазици први на агендата

ali-zaev

Повикувајќи се на блиски извори до албанските партии и СДСМ, порталот „Журнал“ пишува дека првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера имале средба на која разговарале за натамошните чекори на таканаречената коалиција меѓу албанските партии.

Од страна на Али Ахмети било посочено дека еден од првите чекори што треба да се преземат веднаш по влезот во Собранието од страна на СДСМ и албанските партии e да се изгласа првиот дел од тиранската платформа, на истиот противуставен и нелегитимен начин како што беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието.

Како што се зборува сѐ погласно во коалициските редови, веќе биле подготвени новиот државен грб, законот за двојазичноста за целата територија, како и предлог државното знаме, пишува споменатиот портал.

Со силувањето на демократијата и Уставот на Република Македонија, СДСМ неуставно гласајќи за овие закони треба да си го оствари првиот дел од договорот за коалиција.

Првиот дел од фактурата што треба да ја испорача Зоран Заев до Албанците е само почеток на тоа што следува и што е предвидено за во иднина. Веднаш по ова ќе се разговара и за промена на државното име и за кантонизација на државата, што води до отцепување на одредени делови од државата и реализација на тиранската платформа, пишува „Журнал“.

Со ова се очекува Зоран Заев уште повеќе да го навлече гневот на граѓаните и да испровоцира нови протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top