| четврток, 6 декември 2018 |

Борбата меѓу Кличко и Џошуа ќе има дополнително значење, шампионски појас со изгравиран лик на победникот

sampionski pojas

Во пресрет на борбата за светската титула во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа, компанијата „Сартонк“ направи посебен дизајн на шампионски ремен, кој ќе му биде доделен на победникот. Во нивна чест, изгравирани се ликовите на двајцата боксери, опколени со злато и светкава круна над главата.

Менаџерите на боксерите се согласија за овој потег, давајќи посебно значење на победата. Тоа овој голем боксерски меч ќе го направи уште позначаен.

Големата боксерска пресметка е закажана за в сабота на стадионот „Вембли“, пред рекордни 90.000 гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top