| четврток, 6 декември 2018 |

„Во себе верувам“ – нова песна на тапанарот Владимир Шуманов

„Милион соништа на ова парче хартија и сон што ветува, страста ме води, не, јас не запирам, во себе верувам“ е рефренот што го тапанарот Владимир Шуманов го напиша за неговата нова песна.

Vo sebe veruvam 1

Во „Во себе верувам“, Шуманов самиот ги отсвири сите ударни инструменти, а истите се надополнети со извонредната вокална изведба на младата Дина Јовановска. Целата композиција, која е исполнета со многу енергија, е работена од продуцентите Дарко Поповски- Блуз и Трајче Митрески, а за истата минатата недела беше снимен и видеозапис, кој го режираше Огнен Шапковски.

Vo sebe veruvam 3

– Во креирањето на целата песна сакав да доловам само позитивни чувства, за верба во себе, верба дека може да се постигне сѐ што ќе се посака. Врз таа основа е работен и видеозаписот, во кој ќе се појават неколку личности од јавниот живот, кои преку вербата во себе ги достигнале своите цели. Се надевам дека „Во себе верувам“  ќе ѝ се допадне на публиката – изјавува Владимир.

Песната е мастеризирана од Ендру Мичел (Andrew Mitchell) во студиото „Audio Bay Mastering“ во Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top