| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Лазевски од Партизан во Ница

Македонскиот репрезентативец Александар Лазевски, веројатно, ќе го напушти шампионот на Србија, Партизан, и ќе замина да игра фудбал во Франција, во екипата на Ница. На левиот бек на „црно-белите“ му истекува договорот летово и, според српските медиуми, тој е блиску до заминување. Партизан ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, речсиси сигурно без нашиот репрезентативец. Ница се избори за настап во Лигата на Европа откако го освои четвртото место во француското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top