| четврток, 6 декември 2018 |

Купот на Македонија во спортски риболов со пливка заврши

На кејот на Охридското езеро, во организација на Здружението на риболовци Спортски клуб „Свети Стефан“ од Охрид и концесионерот на Охридското Езеро, „Пастрмка 2012“, вчера се одржа првиот отворен Куп на Македонија во спортски риболов со пливка

Sportski_ribolov_Ohrid

На натпреварувањето учествуваа 60 спортски риболовци од 16 клуба од целата земја. Екипно најдобри беа охриѓани од  ЗРСК „Свети Стефан“, пред „Барбус Фиш“од Битола и „Кркушка“ од Велес. Во поединечна конкуренција, најуспешен беше Блаже Николоски од екипата на „Мамец“ од Прилеп, а на втората и третата позиција се пласираа, Зоран Митевски од Куманово и Славко Наумоски од Охрид.

За најуспешните, организаторите обезбедија пригодни подароци и заедничко дружење во ресторанот „Европа“, со најава дека ова натпреварување ќе стане традиционално на брегот на Охридско Езеро.

Sportski_ribolov_Ohrid_2013

Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа, риболовците ги поздрави советникот Сашо Донев, кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе ги поддржува ваквите манифестации, кои преставуваат збогатување на туристичката понуда. Во таа насока, советникот Донев најави и спортски риболовен натпревар со блинкер, кој треба да претставува посебна спортска и туристичка атракција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top