| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери го повика претседателот Иванов да прогласи воена состојба

Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери во синоќешната дебата на ТВ 21 упати повик до претседателот Ѓорге Иванов да прогласи воена состојба.

– Еве јавно ќе го повикам да прогласи воена состојба ако таа негова одлука се базира на членовите 122 и 123 од Уставот. Иванов знае дека тоа никому не му оди во прилог и знае дека нема на кого да му објави војна – рече Џафери.

Инаку, денеска Собранието ќе го има 20. продолжение на конститутивната седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top